Шолц утре во посета на Србија

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц утре ќе престојува во официјална посета на Србија каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Loading...

По пречекот на аеродромот „Никола Тесла“ во 15 часот, Шолц во Палатата Србија ќе разговара со претседателот Вучиќ.

По средбата, предвидени се пленарни разговори меѓу српската и германската делегација, предводена од претседателот Вучиќ и канцеларот Шолц, соопшти Кабинетот за печат на српскиот претседател.