Германскиот канцелар ја обвини Русија за доцнењето со враќањето на турбината за гасоводот Северен тек 1.
– Таа може да се врати во секое време, рече Олаф Шолц за време на посетата на складиштето на Сименс енерџи во Милхајм на реката Рур, каде што турбината е лоцирана од средината на јули, откако беше вратена од Канада каде што беше сервисирана.
„Некој само треба да каже: Ја сакам – и таа ќе биде таму многу брзо“, рече Шолц и нагласи: „Ништо не стои на патот за понатамошен транспорт.Единствено што недостасува е информацијата од Русија, од Гаспром: Јасно е и едноставно: турбината е тука и подготвена за испорака“, рече тој.
Германскиот канцелар го обвини сопственикот на турбината, рускиот енергетски гигант Газпром, велејќи дека не може да ги разбере техничките причини за намалувањето на испораките на гас Северен тек 1.
„Тоа е исто така дел од вистината“, посочи Шолц.
Долго време Русија испорачува значително помалку гас преку Северен тек 1 отколку што дозволува капацитетот на гасоводот.
Како причина се наведува немањето турбина. Компанијата „Сименс енерџи“ и германската влада, сепак, тврдат дека турбината може да биде испорачана во Русија во секое време.
Рускиот енергетски гигант Газпром, чија ќерка компанија Северен ток ја поседува турбината, како причина за доцнењето го наведува недостатокот на одредени документи.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.