Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германскиот канцелар Олаф Шолц во вечерашниот телефонски разговор оценија дека руската „нуклеарна реторика“ е неодговорна, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.
Шолц разговараше со Ердоган за актуелната ситуација во регионот.
Шолц ги пофали напорите на Турција да продолжи да извезува жито од Украина преку Црноморската иницијатива.
Обвинувањата на Русија дека Украина подготвува употреба на таканаречената „валкана бомба“, Шолц категорично ги отфрли како неосновани.
Шолц и Ердоган се договорија да останат во постојан контакт во врска со моменталната безбедносна ситуација.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.