Шолц ги предупреди Хезболах и Иран да не се мешаат во конфликтот меѓу Израел и Хамас

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повика на спречување на ескалација на Блискиот Исток и ги предупреди либанската милитантна организација Хезболах и Иран да не се мешаат во конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Loading...

„Конкретно ги предупредувам Хезболах и Иран да не се мешаат во конфликтот“, рече Шолц на прес-конференција по средбата со јорданскиот крал Абдула во Берлин, пренесе Ројтерс.

Кралот Абдула посочи дека палестинските бегалци не треба да се принудуваат во Египет или Јордан, додавајќи дека хуманитарната ситуација мора да се реши во Појасот Газа и Западниот Брег.

„Тоа е црвена линија бидејќи мислам дека е план на некои од дежурните виновници да се обидат да создадат де факто работи на теренот. Нема бегалци во Јордан и Египет“, рече Абдула на прес-конференција, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц одби да испрати оружје во Украина: „Нема шанси, не сакаме војна“