Шолц: Азиско-пацифичкиот регион е многу повеќе од Кина

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на посетата на Сингапур изјави дека неговата земја сака да ги зајакне економските врски со азиско-пацифичкиот регион, нагласувајќи дека тоа е „многу повеќе од Кина“.

Loading...

„Се разбира дека Кина останува важен деловен и трговски партнер“, рече Шолц во говорот на Азиско-пацифичката конференција, додавајќи дека „азиско-пацифичкиот регион опфаќа многу повеќе од Кина“.

Кинеските инвестиции во Германија беа во фокусот во последните неколку недели, бидејќи официјалните лица се обидуваат да ги балансираат силните деловни врски со Кина за да ги избегнат грешките направени од соработката со Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении

„Мојата порака е дека Германија е многу заинтересирана за зајакнување на економските врски со вашиот регион“, рече Шолц.

Тој ги охрабрува германските компании да се диверзифицираат, но не го обесхрабрува бизнисот со Кина.

Тој рече дека политичката и економската позиција на Германија мора да го одразува фактот дека денешната Кина е многу различна од Кина од пред пет или 10 години.