ШОКАНТНО ОТРКТИЕ: Сонцето е можеби поголемо од што се мислело!

Сподели со своите пријатели

Сонцето е можеби многу поголемо отколку што се мислело до сега, тврдат научниците на НАСА.

Истражувачите кои ја проучувале сенката за време на помрачување на сонцето веруваат дека пронашле доказ дека дијаметарот на ашата ѕвезда е многу поголем отколку што претходно се мислиле.

Престојното помрачување кое ќе биде видливо од Северна Америка на 21 август би можело да докаже дека германскиот астроном Артур Ауверс, кој прв ја проценил големината на Сонцето во 1891 година, погрешил.

Врз основа на фотосферата на ѕвездата, телото на СОнцето чија бранова должина е видлива со голо око, тој пресметал дека ѕвездата има деијаметар од 696.000 километри.

Дури во 2015 година, таа бројка врз основа на сателитските снимки е порменета на 695.700 километри. Меѓутоа, научниците сега сметаат дека и таа проценка е погрешна.

Гзавије Хубије, истражувач од Онтони, Франција, кој прави детални модели од помрачување на Сонцето и Месечината на „Google Maps“, дели дека според неговите пресмети, Сонцето е многу поголемо од што се смисли.

Тој забележал дека нешто не е во ред со димензиите на Сонцето додека ги споредувал претходните прогнози на еклипсата со фотографиите направени за време на самото помрачување.

Предвидувањата се поклопувале со реалната состојба, само кога би се зголемил дијаметарот на Сонцето за неколку стотина километри.

Ерни Рајт, истражувач на НАСА во „Годард“ Вселенскиот центар во Гринбелт, кој исто така прави прецизни модели од помрачувањето и сам се нашол во слична дилема како и неговито колега.

Истражувачите се надеваат дека претстојното помрачување конечно ќе понуди докази за реалните димензии на Сонцето.