Шокантната животна приказна на Пауло Коељо: Родителите го оставиле, со години бил во лудница, а сега е милионер

Сподели со своите пријатели

По појавувањето на романот Алхемичарот во 1988 година, бразилскиот писател Пауло Коељо се здобил со светска слава. Секој негов роман е бестселер, нема човек што не прочитал барем една од неговите книги. Овој генијален писател крие зад себе необична и малку потресна животна приказна.

Loading...

Роден е на 24 август 1947 година во Рио де Жанеиро. Денес има 70 години и моментално живее во Женева со сопругата.

Иако започнал да пишува релативно доцна, тој успеал да освои милиони луѓе ширум светот.

 

 

Рана младост

Животната приказна на Пауло Коељо е многу интересна, па дури и малку интригирачка. И покрај големата љубов кон пишувањето, тој не успеал да се справи со неговите родители кои планирале поинаков живот за него. Неговата мајка сакала да стане инженер или адвокат, поради што неколку пати го праќала во психијатриска установа со цел да ја одбие лудата идеја од неговата глава за тоа да стане писател. Причината за тоа бил фактот дека не може да се живее од пишувањето во Бразил.

Loading...

Сепак, Пауло Коељо постојано изјавувал дека им простил на своите родители што не му пружале поддршка кога му е најпотребно, иако неговиот престој во ментален азил влијаел на неговото страдање од краткотрајна меморија.

Животот пред пишувањето

Пауло бил типичен бунтовен тинејџер и прилично лош студент. Бил сиромашен и многу несреќен на училиште. Тој исто така бил мета на насилници, а тој проблем успеал да го реши благодарение на неговиот талент за раскажување феноменални приказни. По запишувањето на правниот факултет, наскоро го напуштил, предавајќи се на дроги. Тој го обиколил светот како хипик, а пред да започне да пишува, тој бил актер, текстописец и режисер.

 

 

Неколку пати бил апсен заради неговите политички активности

Тој бил уапсен во 1974 година за активности против тогашната воена влада, која сметал дека неговите текстови се левичарски и опасни.

Loading...

Тој бил киднапиран заедно со неговата девојка, а деталите за настанот сè уште се мистерија.

Пресвртна точка во 38-та година

Благодарение на аџилакот во Шпанија на 36-годишна возраст, Пауло претрпел трансформација. Тој целосно решил да му се посвети на пишувањето и така бил напишан неговиот прв автобиографски роман за аџилакот, сепак, неговата втора книга – Алхемичар, му донела целосна слава, бројни награди, тираж од 35 милиони примероци и повеќето преводи на книга во светот. Интересно е што Пауло го напишал овој роман за помалку од две недели. Романот е метафора за неговиот личен живот, пречки и наоѓање на неговата лична животна цел, бидејќи преку главниот лик Пауло си поставил судбоносно прашање: Зошто ми требаа десет години да го напишам мојот прв роман?

 

 

Интересни факти за Поауло Коељо кои веројатно не сте ги знаеле:

1. Пред да го напише секој роман, имал необичен и донекаде бизарен ритуал. Со цел да започне да пишува нова книга, тој чекал на јануари секоја непарна година.

Loading...

2. Во 1996 година, тој основал институт кој обезбедува поддршка за стари лица и сиромашни деца.

3. Има своја издавачка куќа.

4. Никогаш не зборува за насловот на книгата и за тоа што ќе пишува однапред, дури ни на неговата сопруга, тоа е премногу интимен чин за него.

5. Сака да пее.

Leave a Reply