Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот, изјави денеска рускиот министер за одбрана.
Сергеј Шојгу на состанок на раководството на руските вооружени сили.
Тој рече дека НАТО ја зајакнува својата антируска насока и дека влегувањето на Финска во алијансата претставува опасност од ширење на конфликтот.
Тој исто така рече дека белоруските авиони сега можат да носат руски нуклеарни ракети, потег што најверојатно ќе ги зголеми тензиите, пишува Ројтерс.
За потсетување, Финска денеска ќе влезе во НАТО, проширувајќи ја одбранбената алијанса на 31 членка откако ќе го надмине противењето на Турција.
Таа го поднесе барањето заедно со Шведска во мај 2022 година по руската инвазија на Украина.
Турција продолжува да ја блокира кандидатурата на Шведска за членство поради голем број спорни прашања, вклучително и загриженоста на Анкара поради, како што вели, недостатокот на соработка во борбата против тероризмот.
Членките на НАТО мора едногласно да се согласат да примат нови земји.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.