Руските сили спроведуваат активни операции во сите правци на спроведување на специјална воена операција, фокусирајќи се на слабеење на борбените способности на непријателот, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со раководството на Вооружените сили на Русија.
Министерот истакна дека Украина очајно фрла нови сили во нападот на руските позиции, меѓутоа, благодарение на добро изградената одбрана, вештото организирање на оган, професионалните акции, издржливоста и истрајноста на руските војници, не е дозволено напредување на непријателот.
Тој додаде дека руските војници ги ослободиле Коваљовка и Сергејевка во правец Краснолиман, како и железничката станица Молчановка во правец Купјан.
Шојгу посочи и дека бил спречен голем обид на украинските сили да ја пробијат руската одбрана во правец на Орехов, пренесува Спутник.
Министерот истакна дека единиците на 810-та поморска пешадиска бригада и 71-от моторизиран полк покажале „цврстина и самопожртвуваност“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.