Шојгу: Руските напади ефикасно го намалуваат воениот потенцијал на Украина

Сподели со своите пријатели

Руските трупи се насочени кон виталната инфраструктура на Украина, што овозможува да се намали потенцијалот на вооружените сили на Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Loading...

На состанокот во Министерството за одбрана на Русија, тој рече дека во исто време се преземаат сеопфатни мерки за да се спречи страдањето на украинските граѓани, пренесува РИА Новости.

Шојгу додаде дека Украина продолжува да организира, како што наведе, терористички акции со цел ликвидација на цивили и уништување општествени објекти.

„Вооружените сили на Украина не престануваат да ја гранатираат нуклеарната централа Запорожје, местата за евакуација и местата каде што се дистрибуира хуманитарна помош, намерно извршувајќи напади на местата каде што се собира цивилното население“, рече Шојгу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Западот не сака да признае една вистина за Русите

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.