Шојгу ја провери борбената готовност на новите воени единици

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги прегледа полигоните за обука во Јужниот воен округ.

Loading...

Тоа го направил со цел да ја провери борбената готовност на новоформираните воени единици, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Министерот за одбрана изврши увид во обуката за возење и гаѓање на екипажите на тенковите Т-90 Прорив. Екипите се обучуваат на современи интерактивни симулатори кои им овозможуваат да ги вежбаат сите елементи на борбената обука“, соопшти руското Министерство, пренесува ТАСС.

Според соопштението, претставниците на командата на Јужниот воен округ го информирале Шојгу дека сите вежби на полигоните се изведуваат под раководство на офицери со борбено искуство стекнато за време на „специјалната воена операција“.

„На полигонот има моторизирани, тенковски и артилериски единици кои се обучуваат во исто време. Во моментов се врши борбена координација во дивизиите“, соопшти Министерството, пренесува РИА Новости.

Наведено е дека министерот лично ја надгледувал обуката на договорните војници за изведување борбени дејствија во различни средини и терени, вклучително и урбани борбени услови.