Шојгу ја посети зоната на воената операција во Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети зоната на воената операција во Украина за да изврши увид во командното место и да разговара со високи воени претставници, соопшти денеска руската армија.

Loading...

Шојгу со хеликоптер пристигна на командното место Восток во источна Украина.

На министерот му беше презентиран извештај за состојбата на фронтот; и за обуката на руските специјални сили одговорни за употреба на беспилотни летала.

Шојгу разговарал и со воените претставници за подготовките за зимата во однос на униформите и опремата за греење на војниците, според руската армија, без да прецизира кога била посетата.

Министерот за одбрана на Русија последен пат беше на фронтот на почетокот на август.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.