ШкрабАрт, самостојна изложба на Гоце Божурски во Тетово

Сподели со своите пријатели

По  подолга пауза, од неговото претставување во КИЦ-Скопје во 2004 г. со инсталацијата „Клопотарци за вљубени“, Гоце Божурски ќе одржи самостојна изложба во Уметничката галерија во Тетово на 2 декември 2019 годимна. 

Loading...

Иако дел од поновите творечки интересирања се познати на културната јавност преку изложбите на ДЛУМ (за кои во последнава деценија има добиено и неколку награди – „Димитар Кондовски“,„Лазар Личеноски#, „Златна четка“ и др.), во делата од најновиот циклус слики  „ШкрабАрт“ неговата карактеристична  естетика доаѓа до целосен израз.

Мина Палаи (од Пиза, Италија) за Божурски вели дека е уметник од висок ранг кој тешко може да се класифицира во рамките на  вообичаените шеми, а Владимир Величковски ја одбележува „поетиката на просторот“, додека  познатиот ликовен критичар Никола Кусовац (од Белград)  смета дека делата се стилски  беспрекорно вообликувана целина на еден вид „носталгичен реализам“.

Според Петар Петровиќ (критичар од Белград)  по определба Божурски е реалист, згора на тоа и изразит натуралист, но во позадината на сето тоа се крие чувствителна природа на интимист, а Војислав Вујановиќ (критичар од Сараево) вели дека изведбата на делата импресионира, но оформената минуциозност треба да се набљудува во функција на нагласување на духовно/исконскиот аспект.

За Ефтим Клетников  уметноста на Божурски е толку многу „лирска“ и есенцијалистичка, апсолутно  блиска до поезијата, а за Љубен Пауновски деликатноста на мајсторијата лежи во привидот на едоставноста…

Leave a Reply