Шкотска се обложи на познато име за нов тренер

Сподели со своите пријатели

Како „без непотребни ризици“ може да се определи потегот на Шкотската фудбалска асоцијација за назначување на нов селектор.

Тие ангажираа познато име, Алекс Меклиш, за да ја предводи репрезентацијата.

Педесет и деветгодишниот експерт ќе биде официјално претставен денеска кога ќе го потпише неговиот договор, кој ќе биде во сила до 2020 година. Тој го замени Гордон Страхан, чиј договор не беше обновен по квалификациите за СП.

Меклиш го предводеше шкотскиот национален тим во 2007 година пред да го преземе тогашниот учесник во Премиер Лигата – Бирмингем. Тој во повеќе наврати изјавуваваше дека сака повторно да ги преземе „сино-белите“.

Тренерот е невработен повеќе од година и половина. Последно беше ангажиран во Египет, на чело на Замалек до 2016 година. Надежите се да и обебзеди пласман на Шкотска на големо натпреварување, првпат по 1998 година. /МИА


Leave a Reply