Службата за брза помош Шкотска вчера соопшти дека 25 лица се повредени откако голем брод делумно се превртел под агол од 45 степени во пристаништето Лит, во близина на Единбург.
Во болницата на лекување се примени 15 лица, а на лице место помош добиле 10 повредени, јавува Ројтерс.
Полицијата во Единбург соопшти дека службите за итни случаи и службеници присуствувале на местото на несреќата во бродоградилиштето.
Членот на градскиот совет на Единбург Адам Мекви на социјалните мрежи напиша дека причина за оваа несреќа е силниот ветер, пренесува Танјуг.
Ветрови со брзина од 38 милји на час (61 километар на час) беа забележани во Единбург во 8 часот наутро во средата, додека налетите од 44 милји на час (70,8 километри на час) беа забележани во 9 часот.