Шкендија и Вардар со убедливи победи

Сподели со своите пријатели

Шампионот Вардар ја совлада Победа со 3:0, а Шкендија со истиот резултат победи на гостувањето кај Шкупи во рамките од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот меѓу Вардар и Победа, иако беше најавено дека ќе се игра во Ѓорче Петров, сепак се одигра на Градскиот стадион.

Резултатски натпреварот го отвори Тигран Барсегјан со гол во 38. минута за водство на „црвено-црните“, а другите два гола ги реализираше Максим Максимов во 73.минута и во 90.минута за конечни  3:0.

Лидерот на табелата Шендија дојде до убедлив триумф од 3:0 против Шкупи на стадионот во Маџари.

Ардијан Цуцули во 33. минута го постигна првиот гол за водство на Шкендија, а Ферхан Хасани во 80. минута ја зголеми преднсота на 2:0.  Бесарт Ибраими во 88. минута реализираше за конечни 3:0.

Пелистер со 3:2 го совлада Работнички на натпреварот во Битола.

Христијан Кировски со гол во 3. минута го отвори резултатски натпреварот за водство на „романтичарите“, а  потоа во само четири минути, од 23. до 27. минута, Пелистер преку Маневски и Илијовски направи пресврт и на одморот се замина со 2:1.

Во 83. минута Гофри израмни за Работнички на 2:2, но во 86. минута Иве Трифуновски постигна гол за конечни 3:2.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Скопје заврши со реми без голови, исто како и вчерашниот меч меѓу Ренова и Силекс./МИА

Leave a Reply