Шише од Титаник продадено за 88.000 евра

Сподели со своите пријатели

Сребрено шише за бренди, кое припаѓало на патник од првата класа на Титаник, продадено е на аукција за 76.000 фунти или околу 88.000 евра.

Loading...

Сопственикот шишето го добил непосредно пред да загине, кога бродот потонал, пренесува ВВС.

Додека бродот тонел, Хелен Черчил Канди на Едвард Кент му го дала шишетто на кое  изгравирано мотото на нејзинооото семејство „верни, но несреќни“.

Кенди на Кент тогаш му рекла: „Ти имаш повеќе шанси да преживееш отколку јас“.

Меѓутоа, Канди преживеала, а Кент погинал, заедно со уште 1.500 патници. Шишето е пронајдено во исто време кога и неговото тело.

Сребреното шише за бренди е проадено на аукција во Вилтшајр, а опишано е како едно од најсилните тродименензионални предмети од Титаник кои некогаш биле понудени на аукција.

Leave a Reply