Шилегов: Груевски никаде го нема да објасни што се крие зад конференцијата (видео)

Сподели со своите пријатели

Никола Груевски бега и се крие откако е разоткриен дека стои зад договорената Конференција за анализа на Рамковниот договор, обвини на денешиот прес Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, истакнувајќи документи во кои наводно е содржан договорот за Конференција за анализа за спроведувањето на Рамковниот договор пред четири месеци.

Loading...

Груевски никаде го нема збор да каже.  Зошто ги лажеше граѓаните кога обвинуваше други за Конференцијата што треба да се одржи на 1 декември во Скопје? Груевски со обвинувањата сакал да сокрие дека тој се согласил да има Конференција за анализа за спроведувањето на Рамковниот договор. Еве овој документ го потврдува тоа. Во овој документ, со архивски печат од Владата, јасно стои дека договорот за Конференцијата е склучен помеѓу Владата и Европскиот институт за мир уште во јули, пред 4 месеци.   Овој документ е потпишан од вице премиерот за спроведување на Рамковнкиот договор, како што е наведено, во име на Владата.  Што прави Груевски зад грбот на граѓаните на Македонија? Зошто уредникот Груевски преку Курир и неговите медиуми пишуваше текстови за федерализација на Македонија?

Дали целта на Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија за себеси да се спаси, или има и нешто друго што граѓаните не го знаат, праша на денешниот прес, партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.