Шилегов: Еве нова потврда дека Груевски стои зад ревизија на Охридскиот договор (видео)

Сподели со своите пријатели

Еве нова потврда дека Никола Груевски стои зад ревизија на Охридскиот рамковен договор, изјави на денешниот прес портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, покажувајќи документ за кој наводно тврди дека доаѓа директно од Владата на РМ.

Loading...

Ова е документ од Владата, анализа на Охридскиот рамковен договор. Со овој документ, владиниот генерален секретар побара да биде тема на работните групи на четирите политички партии. Што е целта на Никола Груевски со овие докумети за Рамковниот договор? Што ветил Груевски и кому? Јавноста веќе дозна дека Груевски стои зад Конференцијата за анализа на Рамковниот договор. Тоа е овој документ со архивски печат од Владата што веќе го објавивме, склучен уште пред 4 месеци, во јули помеѓу Владата и Европскиот институт за мир. Ете зошто на Груевски му се потребни флаери со измислици и лаги. Никола Груевски се обидува да се испере од одговорноста. Сепак прашањето со коешто си поигрува Груевски воопшто не е наивно.

Груевски е должен  да излезе и да објасни што прави зад грбот на граѓаните на Република Македонија, истакна на денешниот прес, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.