Шестмина мигранти се фатени кај Табановце со лажни документи

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, денес во раните утрински часови, поточно во 03.45 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН – Сопот, во реонот на Обиколница Табановце, било запрено такси возило, управувано од А.А.(21) од Гевгелија.

Loading...

При извршена контрола констатирано е дека лицето вршело транспорт на шест лица мигранти од Гевгелија до ЖП„Табановце“. При преглед констатирано е дека лицата поседуваат потврда за искажана намера за право на азил, издадени на 04.12.2015 година во Гевгелија. Во документите издадени од грчката страна две лица се со ирачко државјанство, а четири со авганистанско државјанство, додека во потврдите издадени во Гевелија пишувало сириско државјанство.

Поради основано сомнение дека се работи за фалсификувани документи лицата се задржани и во 06.00 часот се предадени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.