Шестмина Колумбијци осомничени за убиството на еквадорскиот политичар

Сподели со своите пријатели

Шестмината странски државјани кои беа уапсени за нивната вмешаност во убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилавиченци се Колумбијци, соопшти еквадорската полиција, пренесува Танјуг.

Loading...

Седмиот осомничен, кој им подлегна на раните здобиени во престрелка со полицијата, исто така бил Колумбиец, пренесува Ројтерс.

Вилависенсио беше убиен за време на предизборен митинг во Кито, вооружениот напаѓач беше неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедуваше собирот, а другите осомничени беа приведени по полициска рација, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител.

Борбата против корупцијата

Во својот последен говор, пред да биде убиен, Вилависенсио им вети на толпата дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ги затвори „крадците“ во земјата.

Според анкетите на јавното мислење, Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од електоратот и бил петти по популарност меѓу претседателските кандидати.

По неговиот атентат, еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во земјата и потпиша декрет за прогласување на тридневна национална жалост.