Одредени луѓет имаат тенденција да добиваат подобри можнисти на работата од другите. Меѓутоа, постојат шест типа на вработени кои скоро секогаш се прескокнуваат кога се делат „бонусите.“
Луѓето со овие професии изневеруваат најмногу
Дрдолив
Секако, добрите комуникатори често добиваат позитивно внимание од своите претпоставени. Меѓутоа, ако вашата дефиницијата за „добра комуникација“ вклучува ширење гласини и минување на слободново треме во оговарање на соработниците, многу бргу ќе станете непосакувани на работа.
Безрбетник
Додека ефикасните работници настојуваат да воведат барања кон своите менаџери кога и да им се укаже можност, послабите луѓе не знаат да се постават така и често добиваат повеќе задачи и обврски отколку што можат да поднесат. Нивниот став покажува дека не се способни да водат работа, бидејќи како ќе управуваат со работата и времето на другите, ако тоа не можат да го сторат самите со себе.
Ова се првите професии на некои од најботатите луѓе во светот (фото)
Родени песимисти
Вработените кои непрестано одбиваат предлози од своите колеги, кои редовно се жалат, а не настојуваат да ја подобрат својата ситуација и ретко имаат позитивен збор за било кој или било што во канцеларијата, нема да заработат почитување ниту разбирање од своите менаџери, а со тоа и можноста за напредување станува невозможна.
Вечна жртва
Важен дел од добриот „тимски играч“ вклучувањ епреземање одговорност за своите грешки и гледање на слабостите низ реалистични „очила“. Ако се однесувате како вечна жртва, секогаш обвинувајќи други за пропуштените рокови или лошите работни резултати, тешко ќе добиете доверба од своите колеги и надредени.
ОВИЕ ПРОФЕСИИ СЕ ШТЕТНИ ПО ЗДРАВЈЕТО: Новинарите ги убива стресот
Разгневен Маркс
Бесните испади навистина не се прифатливначин на однесување кај било кој постар од пет години. Но, некои вработени тоа едностано не можат да го сфатат, па своите фрустрации ги пренесуваат на своите колеги, а понекогаш и претпоставени, пишува Бизнис инсајдер.
На другата страна, менаџерите со проблеми за контролирање на своите емоции создаваат култура на страв во канцеларијата, која обично се претвора во токсична атмосфера, а тоа дава лоши резултати и создава желба кај вработените да бегаат без оглед на се.
Професии кои ги привлекуваат психопатите
Сезнајко
Работодавачите секако бараат образовани работници со интерес за учење и разбирање на информациите. Меѓутоа, ако редовно ги исправувате своите колеги или се поставувате како вашите идеи и стратегии да се многу попросветлени од идеите на колегите без никакви докази кои тоа го потврдуваат, па на сите да им е јасно дека се сметате за најпаметна личност во собата, веројатно ќе ги отуѓите своите директни соработници и претпоставени, ќе го ослабнете својот статус кога ќе дојде време за доделување бонус и унапредувања.