ОВИЕ ПРОФЕСИИ СЕ ШТЕТНИ ПО ЗДРАВЈЕТО: Новинарите ги убива стресот

Сподели со своите пријатели

Секоја професија е тешка на свој начин, но сепак одредени носат поголем ризик. Првата помисла на работа во рудник на луѓето им внесува страв во коски, помислата дека никогаш нема да излезат на површината на земјата не е единствената опастност која се заканува во оваа напорна работа.

Копањето во окната не само што ги уништува рацете, грбот и видот, тоа може да остави трајни последици врз здравјето начовекот. Респираторните болести се тие кои им создаваат проблеми во рудниците. Од тие отворени испарувања и прашина најчесто заболуваат и луѓето кои работат во гранките на тешка металургија како и на градилиштата и во фабриките кои произведуваат бои и лакови.

Одредени студии укажуваат дека новинарите од време на време посетуваат лекар. Виновник е стресот. Оваа професија во последните години забрзано стана една од најстресните. Новинарите често заболуваат од чир на желудник, гастритис, инфаркт или други болести кои се тесно поврзани со секојдневните случувања.

Одредени занимања го уништуваат физичото и психичкото здравје, а дури 26 отсто од вработните во стресни професии бараат помош од лекар, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Професиите кои се работат во неколку смени т.е. бараат ноќта работа можат да бидат погубни по човекот. Било да е во прашње физикализирање или седењето во фотелја и диригирање на работниците кои се на другиот крај на планетата, односно во друга временска зона.

Тие негативно влијаат на човекот. Пореметениот ритам на спиење и менувањето на ден за ноќ предизвикува недостаток на енергија и појава на зачестени главоболки. Концентрацијата на работниците во ноќни смени и дежурства е намалена, па повредите на работа или грешките кои може да чинат и живот честа појава.

На лицата кои работното место им се наоѓа да стојат во место осум часа дневно најчесто во староста имаат проблеми со артритис, кичма, остеопороза или реума покажуваат одредени светски истражувања. Така првин страдаат трговците, работници во фабриките на лента или професори и воспитувачи.