Шест руски ракети истрелани кон Николаев, расте бројот на жртви

Сподели со своите пријатели

Утрово руските сили истрелаа шест ракети врз Миколаев, на југот на Украина, а во тие напади е рането едно лице, изјави шефот на регионалната администрација Виталиј Ким.

Loading...

Засега нема информации за жртви, пренесува Интерфакс Украина.

Во исто време, бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз станбена зграда во украинската област Доњецк се искачи на 18, а спасувачите се уште трагаат по преживеани, пренесува Танјуг.

Спасувачите биле во контакт со две лица затрупани во урнатините на петкатната зграда во градот Часив Јар во областа Доњецк, која беше погодена доцна во саботата, шест лица беа спасени, а 137 тони урнатини беа расчистени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од градот Краматорск, кој се очекува да биде главна цел на руските сили додека напредуваат во западна Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.