Шест пожари на територија на Куманово за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, екипите на ТППЕ Куманово бележат шест интервенции на разни локации во околината на Куманово, откако се пријавени пожари предизвикани од опожарена сува трева.

Loading...

Пожарникарите интервенираа кај наплатната рампа Романовце, во атарот на с.Табановце кај м.в Костурник,  во с. Табановце, потоа во нас. Иго Тричковиќ како во атарот на нас. Карпош кај м.в Ливаде каде биле пријавени пожари предизвикани од запалена сува трева.

Во текот на вчерашниот ден, пожарникарите повторно делуваа на просторот помеѓу с. Скачковце и с. Орашац кај м.в. Бела Вода каде бил пријавен пожар предизвикан од опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

На лице место делувале тројца пожарникари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.