Шест интеревенции изминатото деноноќие за кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Припадниците на територијалната противпожарна единица Куманово и во текот на вчерашниот ден бележат зголемен број интервенции, кои претежно биле на опожарена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција ја бележат веќе во 9:50 часот кога со едно противпожарно возило, тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева на улицата „АВНОЈ“. Интервенцијата траела до 10:30 часот.

Втората ја бележат неполни два часа подоцна, кога во 12 часот било пријавено дека гори запалена сува трева на улицата „Доне Божинов“. На локацијата се упатиле тројца пожарникари со едно возило, при што го локализирале огнот за 45 минути.

Интервенција на запалена сува трева и шумски појас бележат во населбата Карпош, каде исто така интервенирале тројца пожарникари со едно возило во период од 13:50 до 15:30 часот.

Во 15:15 добиле пријава за запалено стрниште кај Аџитепе, каде се упатиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило, при што во 16:13 часот огнот бил локализиран.

Петатта интервенција ја бележат во атарот на село Долно Којнаре на запален багремов појас и бавчи. Интервенирано било од 17:30 до 18:25 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Последна интервенција ја бележат во населбата Јане Сандански на запалена сува трева, кога интервенирале тројца пожарникари со едно возило во период од 18:20 до 18:50 часот.

Причина за пожарите како и површината на истите се непознати.