Шест хектари трева и шума изгореа во Алгуња

Сподели со своите пријатели

Шест хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева изгореле вчера во пожар во атарот на селото Алгуња во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, интервенирала противпожарната екипа на Старо Нагоричане во период од 11:10 до 16:00 часот.

На терен биле излезени тројца пожарникари со едно противпожарно возило и еден вработен во општината.

Никола Ивановски