Шест европски земји ги осудија Израел и палестинските напади на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Шест европски земји денеска во заедничка изјава ги осудија неодамнешните напади на палестинските милитанти на Западниот Брег во кои беа убиени израелски граѓани и во исто време го повикаа Ерусалим да го запре ширењето на еврејски населби на таа територија.

Loading...

Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Полска и Шпанија во заедничка изјава апелираат до Израел да ја откаже неодамнешната одлука поврзана со еврејските населби на Западниот Брег, пренесува Ројтерс.

Израел неодамна одлучи да продолжи со изградбата на повеќе од 7.000 станбени згради за еврејските доселеници на Западниот Брег, како и да ги легализира постоечките еврејски населби во областа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца