Шеснаесет семејни куќи во ”Диво Насеље” ќе бидат целосно срушени (видео)

Сподели со своите пријатели

Согласно акцискиот план на Владата за санација на оштетените куќи од вооружените дејствија на 9 и 10 мај, во кумановската населба Тоде Мендол, на улиците Перо Илиевски и Рушит Шаќир од денес започна уривањето на целосно оштетените куќи и изнесување на градежниот шут.

Loading...

За рушење на куќите се ангажирани машини на Јавното претпријатие ”Чистота и Зеленило” како и машини од Дирекција за заштита и спасување, со очекување да бидат урнати 16 семејни куќи со етапно рушење секој ден. Градежниот шут ќе биде транспортиран на депонијата Краста.

Денеска до 12 часот беа урнати четири куќи лоцирани на улиците „Перо Илиевски“ и на „Рушит Шаќир“, пренесува МИА.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.