„Шепот на руските поети“ – утревечер на програмата во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

„Шепот на руските поети“ – настан посветен на руската поезија, поточно на неповторливите Сергеј Александрович Есенин и Александар Сергеевич Пушкин, утре ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Стихови испишани во името на татковината и љубовта, вечните теми на овие двајца поети, ќе бидат донесени пред публиката , на македонски и руски јазик, а ќе ги интерпретираат Тина Трајковска, Благој Мишев и Оливера Трајковска, вљубеници во пишаниот збор.

 

Loading...

Shepot na ruskite poeti 2

 

За музичкото интермецо ќе се погрижи Марко Митковски, на чиј репертоар ќе бидат познатите руски композиции: Коробейники, Катюша и Калинка.

Почетокот на настанот е закажан за 19 часот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.