Шеќеринска во Куманово ќе се сретне со пазарџиите, полициските ветерани и граѓаните

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија предводен од Радмила Шеќеринска денеска е помеѓу граѓаните на Куманово и кумановско. Како што стои наведено во партиското соопштение, Шеќеринска о директни средби со граѓаните ќе ги слушне нивните проблеми и ќе поразговара за платформата на СДСМ.

Loading...

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, посетата на Куманово ја започна во 13:30 часот, а половина час подоцна, таа ќе се сретне со пазарџиите во Куманово, каде што покрај средбите со граѓаните, ќе ги посети и дуќанџиите од овој град.

Во 15:00 часот Шекеринска ќе има средба со младите од Куманово, а во рамките на посетата, Шекеринска ќе оствари средба и со армиски и полициски ветерани од овој град (17:00 часот).

За вечерва, во МКЦ во Куманово е најавена и трибина под наслов ”Како до подобар живот за младите”.