Шефот на Вагнер му се заканува на Макрон: Со клешти ќе ти ги извадиме забите

Сподели со своите пријатели

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, не го криеше гневот поради одлуката на францускиот парламент, кој неговата група платеници ја прогласи за терористичка организација.

Loading...

Тој испрати директна закана до францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Politico.

На прашањето на руските новинари, Пригожин рече дека Вагнер ги спасил луѓето во Централна Африка од француски војници, кои „едноставно ги исмевале“.

Вагнерците стекнале силни упоришта во Централна Африка и на тој начин го истиснале француското присуство во тој регион.

„Тие не се само платеници“

„Можеме да користиме клешти за да ги отстраниме скапаните заби од таа зла уста. Можеме да ги извадиме забите на Макрон и, воопшто, на секој што истура патогена нечистотија (за Вагнер)“, рече Пригожин.

Во вторникот француските пратеници ја повикаа Европската унија да го вклучи Вагнер во списокот на терористички групи и да користи повеќе правни алатки за да ја оневозможи финансиската активност на Вагнер во Европа.

ЕУ воведе санкции за Пригожин во април минатата година.

„Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист, да се дестабилизираат институциите“, рече Бенџамин Хадад, претставник од партијата на Макрон, пред гласањето во вторник.

Loading...

Платениците на Вагнер презедоа активна улога во целосната инвазија на Кремљ на Украина и покрај тековниот јавен политички конфликт меѓу Пригожин и руските претставници на одбраната.

Паравоената група главно е вклучена во битката за Бахмут, град во источна Украина, кој беше сцена на жестоки борби во последните месеци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.