Шефот на УЕФА не го исклучи намалувањето на бројот на градови кои ќе бидат домаќини на Евро 2020

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европската фудбалска федерација Александар Чеферин ги коментираше информациите за можно намалување на бројот на градови кои следното лето ќе бидат домаќини на Евро 2020.

Loading...

– Ние постојано ја следиме ситуацијата, но нема сомнение дека ќе се одржи Европското првенство. Планот е да се остави сè како што е. Но, морам да забележам дека наместо во 12 земји, турнирот може да се одржи во 11, осум, пет или една, го цитира „ЕСПН“ Чеферин.

Шефот на УЕФА исто така додаде дека во моментов е рано да се каже дали натпреварите од Европскиот шампионат ќе се одржат со гледачи.

Според „Сан“, УЕФА сега е склона да верува дека одржувањето на Европското првенство во 12 градови, како што првично беше планирано, е практично невозможно.

Доколку УЕФА сепак го намали бројот на градови каде што ќе се одржи еврото, тогаш Баку, Санкт Петербург и Билбао ќе бидат меѓу првите градови што ќе бидат исклучени од листата со градови домаќини.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply