Шефот на британската дипломатија во посета на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска треба да го посети Блискиот Исток и да се сретне со израелските и палестинските лидери, се наведува во соопштението за печатот на британското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Поранешниот премиер Камерон, кој минатата недела беше назначен за министер за надворешни работи, вчера во Лондон се сретна со колегите од арапските и исламските земји на разговори за конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Камерон: Договорот за прекин на огнот е клучен чекор

Тој го поздрави договорот меѓу израелската влада и Хамас за четиридневен прекин на огнот, нарекувајќи го „клучен чекор“ и ги повика страните целосно да го исполнат договорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Израел и Хамас рано во средата се договорија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена за да се овозможи пристигнување на помош и ослободување на најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во палестинската енклава во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел.

Израел доцна вчера објави дека ослободувањето на заложниците нема да се случи пред петок. Британскиот премиер Риши Сунак и претходникот на Камерон Џејмс Клеверли го посетија Израел минатиот месец.