Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се заложи за испорака на тенкови и повеќе опрема во Украина за да се обезбеди уште посилен отпор на рускиот агресор.
„Ние во Европската унија ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека тоа е потребно. Сега е време за повеќе опрема и јас лично сум за испорака на тенкови до неа“, рече Мишел во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент. .
Неодамна, притисокот за испорака на западни тенкови во Украина се зголемува. Велика Британија најави дека ќе ги испрати своите тенкови „Челинџер 2“ и тоа го отвора патот Германија да ги испрати своите леопарди.
Германскиот канцелар Олаф Шолц се спротивстави само Германија да испраќа тенкови и сега, по британската одлука, таа пречка е отстранета.
Либералниот претставник од Белгија Ги Верхофштад објави дека 112 претставници на Европскиот парламент побарале промена на стратегијата и испраќање тенкови и ракети со долг дострел во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.