„Шарените“ протестираа во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ вчеравечер се одржа уште еден протест на улиците во Куманово од каде беа упатени пораки дека дојде крајот на актуелната власт.

 

Loading...

 

Протестот започна пред зградата на поранешен Комитет каде свои обраќања имаа Оливера Станојковска, граѓански активист, како претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески.

Се собравме да кажеме не на оваа власт и да ги потсетиме дека ќе се бориме за нашата слобода и за правдата. Излеговме да ставиме крај на овој режим и да имаме промени во ова општество – вели грашанскиот активист.

 

Павлески порача дека Куманово е храбро и не дозволи ланските крвави сценарија да кулуминираат, но и дека покажале вистинска љубов кон сопствената татковина. Тој истакна дека крајот на актуелниот режим е близу, дека Никола Груевски се плаши да се соочи со вистината и затоа сака да оди на нерегуларни и нефер избори.

 

 

Инаку протестот подоцна продолжи со марширање низ улиците во градот, а „шарените револуционер“ завршија пред зградата на Основен суд – Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.