„Шарената револуција“ вечерва повторно во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва во 19 часот пред зградата на Основниот суд во Куманово ќе започне уште еден протестен марш на „Шарената револуција“.

Барањата остануваат непроменети оставка на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и целосно повлекување на аболицијата, а не делумната која што е направена со последните законски измени. Поддршка ќе се даде на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Свое обраќање ќе има и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.