„Шарената револуција“ повторно маршираше низ Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ голем број граѓани на Општина Куманово и подржувачи на опозициските партии и нивните претставници вчера повторно маршираа низ улиците во градот.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”377″]

 

Собирот започна пред Основниот суд во Куманово каде свои излагања имаа активистот Љуми Бекири, но и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, кој ги нагласи барањата: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да престане прогонот на учесниците во протестот и слобода на приведените протестанти, да се формира преодна Влада, учество на граѓанскиот сектор во какви било преговори во иднина и оставка на претседателот Ѓорге Иванов. Изразија поддршка за работата на специјалното јавно обвинителство.

Од пред судската зграда започна маршот низ улиците во централното градско подрачје, каде мирно и без инциденти заврши и овој марш на кумановските „Шарени револуционери“.