Шарена револуција по шести пат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Под слоганот „Шарена револуција“, граѓаните на Куманово вчеравечер по шести пат го кренаа гласот против одлуката за аболиција на политичарите, но и бараа оставка од претседателот Иванов, како и одложување на датумот на изборите.

Протестниот марш кој започна пред Основниот суд во Куманово, а во организација на граѓанското движење „Протестирам“ продолжи по улицата „Гоце Делчев“,по што протестантите се упатија кон улицата „Бајрам Шабани“ и кон „Тонко Димков“, односно под Соколански парк, по што преку градскиот плоштад повторно се вратија пред судот.

Маршот заврши во мирна и демократска атмосфера, без инциденти и обезбедуван од полициските службеници. Протестантите повторно ќе се соберат по завршување на велигденските празници.