Шампионките на прием кај градоначалникот Димитриевски (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на ЖРК Куманово ја освоија двојната круна во Македонија, откако станаа шампионки на Македонија и го освоија Купот на Македонија.

Loading...

По тој повод стручниот штаб и ракометарките одржаа средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и му врачија медали во знак на благодарност за поддршката.

 

 

– Официјално обележуваме дека женскиот ракометен клуб Куманово, оваа година има две титули, едната е освојување на купот на Македонија и втората е први во првенството на Македонија. Овој клуб води традиција од 1929 година и е наследник на зачетоците на женскиот ракомет во нашиот град. Ние како општина сме горди на нивните резултати. Општината до сега помагаше во финансиски рамки, преку соработка на општинскиот сојуз на спортови, оваа година ги покривме трошоците од околу 20 % кои што се вкупни потрошени средства во работењето на клубот со поддршка на советот на општина Куманово, преку Општинскиот сојуз на спортови и дополнително обезбедивме сали и услови за тренирање на оваа екипа на нашиот град, и верувам дека ова ќе биде само мотивација плус за уште врвни спортски резултати, изјави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Димитриевски им се заблагодари на ракометарките и раководството на клубот за постигнатите резултати

– Овој женски ракометен клуб за прв пат после подолг временски период во текот на оваа година го претставуваше градот и на меѓународно ниво, каде што достоинсвено се покажавме. Им посакувам успех на секое поле и воедно посакувам во мое име и во име на граѓаните на Куманово да се заблагодарам на ракометарките во клубот, раководството на клубот и на општинскиот сојуз на спортови кои што даваа комплетна поддршка во активностите во овој клуб. Воедно исраќам повик и до останатирте клубови во Куманово да го следат успехот на ЖРК Куманово, особено во делот на развојот на младите генерации – изјави градоначалникот Максин Димитриевски.

Loading...

 

 

Уште во 2019 година кога го донесовме пехарот за прв пат во Куманово, вели Бобан Пеовски, претседател на клубот, ветивме дека ќе освоиме двојна круга следната сезона и еве тоа го остваривме.

– Сакам да се заблагодарам на честитките, исто така сакам да им честитам на сите играчи на ЖРК Куманово, стручниот штаб кои се најзаслужни за овие титули. Исто така сакам да се заблагодарам на сите спонзори и помагачи кои беа со нас во изминативе години, како и на советот на општина Куманово, општинскиот спортски сојуз и градоначалникот на Куманово кои несебично ни помагаа во сите тешки моменти во изминатите години. Од друга страна ние сме бранители на трофејот на Куп на Македонија и кога го донесовме пехарот за прв пат во 2019 година ветивме дека следната сезона ќе освоиме дупла круна. Бидејќи минатата година беше прекината иако бевме водечка екипа, еве сега ни се укажа прилика  да го исполниме ветувањето – рече Пеовски.

 

 

Loading...

Инаку ЖРК Куманово годинава освои две титули, а минатата година беше близу да го стори истото пред сезоната да биде прекината поради пандемијата.

 

Текст\Фото: М.Ф.

Leave a Reply