Севернокорејски војници ја минале границата, Јужна Кореја пукаше!

Сподели со своите пријатели

Севернокорејските војници накратко ја преминале границата со Јужна Кореја, поради што војниците испукале предупредувачки истрели, соопшти денеска Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

Loading...

„Севернокорејските војници накратко ја преминаа воената демаркациона линија. Откако нашата армија испрати предупредувачки пораки и испука предупредувачки истрели, тие се повлекоа кон север“, се вели во соопштението.

Војниците кои ја преминале границата работат во демилитаризираната зона меѓу двете земји широка четири километри.

Инцидентот се случил во неделата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија