Северна Кореја: Заразени 1,2 милиони луѓе, војската се вклучува во справувањето

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун остро ја критикуваше бавноста во испораката на лекови и ѝ нареди на армијата да реагира на епидемијата на корона вирусот, поради која во таа земја беа заразени 1,2 милиони луѓе, а 50 починаа, објавија денеска државните медиуми.

Loading...

Повеќе од 564.860 луѓе се во карантин поради инфекции кои брзо се шират од крајот на април меѓу луѓето во и околу главниот град Пјонгјанг.

 

 

Денеска се пријавени уште осум смртни случаи и 392.920 новодијагностицирани инфекции.

Вчера Ким ги критикуваше владините и здравствените службеници за погрешната реакција на пандемијата, велејќи дека лековите не се дистрибуираат навреме во аптеките поради нивниот „неодговорен однос кон работата“ и неорганизираност.

 

Loading...

 

Политбирото на владејачката партија издаде итна наредба за итно ослободување и брзо распределување на државните резерви на лекови и аптеките да работат 24 часа на ден, но Ким рече дека таквите чекори не се спроведуваат како што треба.

Ким им нареди на армиските медицински служби да се вклучат во стабилизирањето на снабдувањето со лекови во Пјонгјанг.

 

 

Минатиот четврток, Северна Кореја за првпат го пријави избувнувањето на пандемијата на корона вирусот, објави дека неодреден број луѓе се позитивни на сојот омикрон и воведе карантин како мерка за борба против вирусот.

Loading...