Северна Кореја се заканува со нуклеарна одмазда ако САД распоредат оружје

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја најави дека на распоредувањето на американски носачи на авиони, бомбардери или подморници во Јужна Кореја ќе одговори со нуклеарно оружје, објави државната новинска агенција КЦНА, повикувајќи се на министерот за одбрана Канг Сун Нам, пренесува Хина.

Loading...

Министерот ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите во регионот.

– Распоредувањето на стратешки нуклеарни подморници и друго стратешко оружје ќе ги исполни условите за употреба на нуклеарно оружје како што е дефинирано со севернокорејскиот закон, се вели во соопштението.

Предупредувањето се однесува на американската нуклеарна подморница од класата Охајо, која влегла во пристаништето Бусан оваа недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд

Неовластен премин

„Воениот конфликт на Корејскиот полуостров сериозно се приближи до реалноста“, објави КЦНА.

Заканата дојде откако американски војник претходно во четвртокот ја премина границата со Северна Кореја. Пјонгјанг се уште не го коментирал инцидентот.

Командата на ОН која ја надгледува демилитаризираната зона меѓу двете земји вчера објави дека американски државјанин неовластено преминал од Јужна во Северна Кореја и најверојатно бил приведен од севернокорејските власти.

Медиумите подоцна објавија дека се работи за Тревис Кинг, американски војник со чин позорник.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.