Северна Кореја се уште ги нема покажано сите делови на ICBM

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја изминатите месеци направи големи чекори во развојот на својата нуклеарна програма.

Меѓутоа, се уште ги нема покажано сите делови од интерконтиненталната балистичка реката (ICBM), вклучувајќи дек од ракетата којс е враќа во Земјината атмосфера, рекол денеска заменик началникот на Здружениоет генералштаб на американската војска.

Генералот на воздухопловните сили Пол Селва со оваа зијава ја потврди оценкат ана американскиот министер за одбрана Џејмс Матис од декември, дека севернокорејските ICBM не претставуваат непосредна закана врз САД, наведува Ројтерс.

– Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се уште ја нема покажано технологијата за палење и таргетирање, а ниту отпорниот дел од ракетата кој носи нуклеарна боева глава и се враќа во Земјината атмосфера, рекол Селва.

Како што додава, Пјонгјанг можеби и има таква технологија и таа можност мора да се земе предвид, но сепак се уште не ја прикажале.

Северна Кореја во ноември соопшти дека успешно тестирала нов тип на ICBM, која како што тврди може да допре до целото американско копно и Јужна Кореја.

Доколку дојде до конфликт, Селва вели дека САД тешко би можеле благовремено да бидат предупредени за лансирањето на севернокорејските ракети.

Исто така вели дека во претстојната ревизија на нуклеарната политика на Пентагон, која, како што се очекува, ќе биде објавена во петок, ќе биде изнесена иднината на нуклеарната модернизација, а би можела да опфати и нови ракети на подморниците.