Северна Кореја ѝ обезбеди на Русија повеќе од милион артилериски гранати за воени операции во Украина, а Пјонгјанг за возврат доби технички совет за своите сателити, изјави јужнокорејски пратеник, цитирајќи ја разузнавачката служба на Сеул.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја на состанок зад затворени врати им потврди на пратениците дека Северна Кореја извршила најмалку десет трансфери на оружје за Русија од август.
„Разузнавањето дозна дека се префрлени повеќе од милион артилериски гранати“, изјави пратеникот Џо Санг-бум за новинарите по состанокот.
Според проценките, тоа би требало да биде доволно за околу два месеци војна меѓу Русија и Украина, додаде тој.
Пратеникот рече дека се верува дека Пјонгјанг добил технички совет од Москва во замена за плановите за лансирање воен извидувачки сателит.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.