Северна Кореја: Нуклеарниот преговарач назначен за нов шеф на дипломатијата

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја го назначи клучниот нуклеарен преговарач Чое Сон Хуи за нов министер за надворешни работи, објавија севернокорејските државни медиуми, по состанокот на владејачката партија со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Loading...

Ким ги претстави целите за зајакнување на воената моќ на земјата и одбранбените истражувања со цел да се заштитат суверените права на Северна Кореја, објави државната новинска агенција КЦНА, без да даде детали, пренесе Ројтерс.

Од средата до денеска траеше пленарниот состанок на Централниот комитет на Корејската работничка партија, објави КЦНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето