Северна Кореја најави „важни, практични мерки за одвраќање“

Сподели со своите пријатели

На состанокот на воената комисија на севернокорејската владејачка партија беше одлучено Пјонгјанг да преземе „важни, практични мерки за одвраќање“, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Loading...

Со седницата на воената комисија претседаваше лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, пренесе Ројтерс.

Северна Кореја утрово истрела проектил од подморница, соопшти јужнокорејската војска.

Во соопштението на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја се наведува дека разузнавачките служби на таа земја и на САД се уште анализираат за каква ракета се работи.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.