Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета

Сподели со своите пријатели

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека Северна Кореја истрелала проектил во Јапонското Море, наведувајќи дека не е исклучено да се работи за балистичка ракета.

Loading...

Веста за новото ракетно тестирање на властите во Пјонгјанг ја потврди и јужнокорејската армија.

Заедничкиот началник на Генералштабот на Јужна Кореја извести дека Северна Кореја истрелала сомнителен проектил кон морето од нејзиниот источен брег од локација во близина на Сунан, каде што се наоѓа меѓународниот аеродром во Пјонгјанг.

Се сомнева дека се работи за балистичка ракета.

Ракетата била тестирана на аеродромот, а достигнала максимална височина од околу 620 километри и дострел од 300 километри, пренесува Ројтерс.

Според извештаите на Јужна Кореја, Пјонгјанг само во јануари извел седум такви вежби.

Јапонската армија тврди дека на 30 јануари била испукана ракета со дострел од дури 5.000 километри.