Северна Кореја лансираше десет ракети во близина на Пјонгјанг

Loading...
Сподели со своите пријатели

Северна Кореја лансираше десет ракети во близина на Пјонгјанг во четврток, само еден ден откако Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа заеднички воздушни вежби на Корејскиот Полуостров, објави Јонхап њуз со седиште во Сеул.

Ракетите беа лансирани од повеќецевни ракетни лансери од областа Сунан на периферијата на севернокорејскиот главен град.

Ова е прво лансирање ракета откако јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг беше избран на функцијата претходно овој месец, објави Анадолија.

Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа заеднички воздушни вежби во среда, во услови на напори на Сеул да ги обнови врските со Северна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РЕКОРДНИ ТРОШЕЊА: Самитот на НАТО во Хаг ќе еден милион евра по минута

Во вежбата, спроведена над водите во близина на јужнокорејскиот остров Чеџу, учествуваа два јужнокорејски борбени авиони Ф-15К, шест американски борбени авиони Ф-16 и два јапонски авиони Ф-2.