Северна Кореја ќе ги прошири и интензивира воените вежби

Сподели со своите пријатели

Војската на Северна Кореја најави дека ќе ги прошири и интензивира воените вежби како дел од „воените подготовки“, објавија локалните медиуми.

Loading...

Одлуката беше донесена на состанокот во понеделникот со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, по заедничките јужнокорејско-американски воздушни вежби одржани минатата недела.

На дневен ред на состанокот беше „континуираното проширување и зајакнување на операциите и борбените вежби на Корејската народна армија со цел строго да се усоврши подготовката за војна“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Приватните сателитски снимки покажаа дека во Пјонгјанг се во тек „големи подготовки за воена парада“, пред претстојните национални празници.

Северна Кореја ја слави годишнината од основањето на вооружените сили на 8 февруари, а роденденот на Ким Јонг Ил, таткото и претходникот на сегашниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун, на 16 февруари.

Сеул и Вашингтон минатата недела спроведоа воздушни вежби со стратешки бомбардери и борбени авиони, што го налути Пјонгјанг.

Севернокорејските власти тогаш рекоа дека таквите маневри би можеле „да предизвикаат сеопфатен конфликт“ и додадоа дека вежбите „ја преминале црвената линија“.

Северна Кореја ги смета вежбите како проба за инвазија на нејзина територија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.